Објектот во Хром се наоѓа на ул. Исаија Маџовски бр.31.
Оваа локација овозможува избегнување на секојдневната градска динамика, но и брз и лесен пристап до централното подрачје. Во непосредна близина на објектот има основно училиште, градинка, линија на јавното сообраќајно претпријатие (4, 24), паркови, кејот на реката Вардар, супермаркетите Тинекс и Кам. Објектот располага со сопствен паркинг простор, четири деловни простории на приземје, сопствена дворна површина.

Дополнителни (технички) спецификации:
Објектот има два влеза. Влезот во објектот е преку скали и рампа. До ниво на подрум од дворот се влегува со рампа. Сите влезови се контролирани.

Катноста на објектот е приземје, четри ката и поткровје, локацијата е ограничена со ѕид, има сопствен двор, хортикултурно уреден. Објектот има четри локала на приземје и 44 стана распоредени по катови. Од ниво на подрум до поткровје одат два лифта, за секој влез по еден лифт. Фасадата е термички изведена со голем коефициент на енергетска заштита. Влезот во објектот е преку ветробран. Подот е од вештачки гранитни плочки. Скалите се обложени со вештачки гранитни плочки.

Влезната врата во станот е метална – сигурносна заштита. Внатрешната столарија е бел фурниран медијапан. Подот е од храстов паркет, лакиран. Надворешната столарија е од ПВЦ , петкоморна, бела боја. Бања – гостинско вц. Подот е изведен од висококвалитетни керамички плочки. Ѕидот до целата своја висина обложен е со керамички плочки. Плафонот е од хантердаглас. Просторот се вентилира преку вградени аспиратори. Опремата во бањата и вц-то е стандарна со соодветна галантерија. Кујна - Подот е изведен од висококвалитетни керамички плчки. Ѕидовите се обложени до висина од 150 см со керамички плочки. Логија - Подоте изведен од керамички плочки. Сите ѕидови кон просторот изведени се од материјал кој овозможува висока термичка заштита. Објектот е приклучен на градски топловод. Грејните тела се со висок квалитет и дизајн.

Rating
22219